Најмалку 95 загинати во невремето во Рио Де Жанеиро

Во изобилните дождови што го погодија Рио Де Жанеиро загинале најмалку 95 луѓе, а над стотина биле ранети, соопштија властите во Бразил. Најмногу жртви имало во сиромашните предградија каде што во лизгање на земјиштето биле урнати многу куќи. Властите предупредија дека постои опасност од уривање на околу 10 илјади домови. ,,Ова е најизобилниот дожд во историјата на Рио Де Жанеиро. Не ни преостанува ништо друго туку да се молиме да престане,, изјави бразилскиот претседател Луис Инацио Лула да Силва.