Марш во Скопје по повод Светскиот ден на здравјето

По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, Министерството за здравство во соработка со Институтот за јавно здравје на Македонија денеска организираат заеднички марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк. Настанот се организира во рамките на глобалната акција на Светската здравствена организација која се одбележува под мотото „1000 градови за 1000 животи“.