Делегации на ММФ во контрола на напредокот на Грција

Две делегации на Меѓународниот монетарен фонд од денеска во Атина ќе почнат проверка на напредокот во примената на пакетот мерки за штедење и реформирање на даночниот систем, соопшти грчкото Министерство за финансии. Ова е прва проверка по постигнувањето на спогодбата во ЕУ, Атина да биде помогната од ММФ заедно со билатералните кредити од други земји од еврозоната, доколку земјата се најде во опасност од инсолвентност.