Медведев во Словачка и во Чешка

Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска во Братислава ќе разговара со официјалните претставници на Словачка и ќе присуствува на одбележувањето на 65- годишнината од ослободувањето на градот. Предвидено е и потпишување на повеќе билатерални спогодби и објавување на заедничка декларација. Подоцна Медведев ќе отпатува за Прага, каде што ќе се сретне со својот чешки колега Вацлав Клаус, воочи самитот со претседателот на САД Барак Обама.