САД ја промовираа стратегијата за нуклеарно вооружување

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама денеска ја презентираше новата стратегија за нуклеарно вооружување. Станува збор за документ со кој САД би сакале да нагласат дека би употребиле нуклеарно оружје само во екстремни услови за заштита на своите витални интерести, соопштија од кабинетот на претседателот Обама. Нуклеарниот тероризам се дефинира како ненадејна и екстремна закана, наспроти нуклеарно наоружување на други држави. Новата стратегија следи само неколку дена откако претседателот Обама се сретна со неговиот руски колега Димитриј Медведев. Двајцата лидери го закажаа потпишувањето на новата СТАРТ спогодба, која ги обврзува двете земји да го намалат својот нуклеарен арсенал.