Киргистанската полиција ги растури протестите во Талас

Киргистанските полициските сили со солзавец ги растурија протестите на приврзаниците на опозицијата во градот Талас, во северозападниот дел на земјата. Разбркани се и околу 200 лица кои пред неколку часа насилно влегоа во зградата на владата. Претходно, агенциите јавија дека демонстраторите кои провалиа во владината зграда земале регионален гувернер во заложништво. Премиерот на Киргистан ги демантираше овие тврдења. Денеска во Талас протестираа околу 3.000 приврзаници на опозицијата.