СДСМ ги напушта кординациите во Собранието

Најголемата опозициска партија во Македонија од денеска ги напушта редовните координации со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со останатите координатори на парламентарните пратенички групи. Причина, како што влеат од опозициската СДСМ е последната амандманска измена на Законот за државна ревизија со која на Собранието му е одземена можноста да ги разгледува ревизорските извештаи и завршната сметка на Буџетот на Република Македонија. Социјал - демократите велат дека сега на потег е парламентарното мнозинство. Доколку ништо не се превземе, од СДСМ не ја исклучуваат можноста да побараат интерпелација на првиот човек на Собранието Вељановски.