НАТО го предупреди Карзаи

НАТО денеска го предупреди авганистанскиот претседател Хамид Карзаи дека ја потценува јавната подршка за мисијата на Алијансата во Авганистан. Портпаролот на НАТО Џејмс Апатурај рече дека меѓународната заедница и Северноатланската алијанса вложуваат големи напори за да го подржат Авганистан во борбата против тероризмот. „Се надеваме и очекуваме дека народот на Аванистан и припадниците на власта го осознава ова“ додаде Апатурај. Забелешките на Алијансата следат по последните изјави на Карзаи, кој ги обвини Соединетите американски држави за мешање во државните работи на неговата земја, додавајки дека талибанците ќе се претворат во легитимна сила на отпор доколку америка продолжи со ваквите постапки.