Идентификуван вториот бомбаш од московското метро

Руските власти го идентификуваа вториот бомбаш самоубиец од бомбардирањата во метрото во Москва. Станува збор за 28 годишна наставничка од Северен Кавказ. Таа заедно со друга жена самоубиец се саморазнесоа во метрото во главниот град на Русија. Четириесетмина загинаа а стотина беа повредени за време на шпицот во подземната железница на 29 март годинава. Соучесникот на наставничката била 17 годишната Џанет Абдуракманова, вдовица на исламски милитант убиен од руските воени сили. И двете жени биле од провинцијата Дагестан, каде голем број од населените се од муслиманска вероисповед.