Северна Македонија и решение до јуни - Шведско радио

Во пресрет на новите разговори меѓу „Поранешна Југословенска Република Македонија“ и Грција, според шведското радио, има изгледи за решение на 19 годишниот спор за името. Според радиото, како што јави МИА, се чини дека предлогот да се користи името „Северна Македонија“ би можел да биде тоа решение.Имено, прв пат досега, еден грчки министер го препорача ова решение за конфликтот, наведува радиото. Двете страни ќе се сретнат во средината на април, а според Шведското радио, има сознанија дека решение за спорот би можело да биде постигнато пред јуни годинава.