До крај на 2010 решение за кипарскиот проблем?

До крајот на годинава треба да се најде решение за кипарскиот проблем, што ќе се темели врз идејата за создавање на федерација од две зони и две заедници на островот, независно од тоа кој ќе застане на чело на преговорачката екипа на кипарската турска заедница по претседателските избори на 18 април во северниот дел на островот. Ова е ставот на ОН, ЕУ, двете заедници на Кипар и Турција, пред се, заради изборните битки што претстојат, пишува весникот „Политис“.