Есма Реџепова ќе добие Орден на заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ја одликува естрадната уметничка Есма Реџепова Теодосиевска со „Орден за заслуги за Македонија“. Претходно шефот на државата Иванов, по повод претстојниот Меѓународен ден на Ромите - 8 Април, ќе има средба со претседателите на ромските политички партии во Македонија.