Во мај мировен племенски совет за Авганистан и Пакистан

Авганистанскиот министер за образование Гулам Фарук Вардак, кој е на чело на организацијата Џирга изјави во Кабул дека на претстојниот мировен племенски совет ќе присуствуваат околу 1300 луѓе од Авганистан и Пакистан. Тие на средбата ќе бараат начини како да создадат стабилност во двете земји. Меѓу учесниците во Џирга ќе бидат и членови на авганистанскиот парламент, исламски официјални лица и важни племенски фигури. Џирга ќе се одржи во мај во Кабул и ќе трае три дена.