Времето ќе биде променливо и постудено

Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено претпладне. Ќе се спушти студена маса од север, што ќе услови засилен северен ветер и значителен пад на температурата, која ќе се движи од 8 до 15 степени, а кон крајот на денот уште повеќе ќе опадне. Во Скопје и околината слично време со температура до 12 степени.