Ирачка тврдина може да пропадне во реката Тигар

Тврдина стара 4 500 години, првиот главен град на асирската цивилизација која живеела на територијата на денешен Ирак, може да пропадне во водите на реката Тигар. Водите на реката веќе однесоа триесетина метри од тврдината, предупредуваат од итачкиот оддел за антиквитети во провинцијата. Античкиот објект се наоѓа во Салах ал Дин, руиниран град изграден 2 500 години пред христовото раѓање.