Спасени 114 рудари во Кина

Спасувачките екипи извлекоа сто и четиринаесетмина рудари од поплавениот рудник во северниот дел на Кина, јавуваат новинските агенции. Продолжуваат напорите за спас на уште триесет и деветмина рудари заробени во рудникот кој се поплави пред една недела. Шефот на комунистичката партија Занг Баошун изјави дека спасените рудари се во стабилна здравствена состојба.