Опозицијата во Киргистан најавува масовни протести

Киргистанската опозиција соопшти денеска дека планира масовни анти-владини протести низ земјата за да го искаже револтот од корупцијата и затворањето на независните медиуми. Поранешната шефица на дипломатијата, а сега опозициона лидерка, Роса Отунбаева најави дека протестите ќе почнат од среда, оценувајки дека семејството на претседателот Курманбек Бакиев ги монополизира сите клучни владини позиции и продолжува со нападите врз опозицијата и слободата на говорот.