Коњановски и Стојановски во посета на Авганистан


Делегација на Министерството за одбрана и на Армијата на Македонија, предводена од министерот Зоран Коњановски и началникот на генералштабот Мирослав Стојановски, е во посета на Авганистан. Покрај посетата на македонските војници кои се дел од мисијата ИСАФ, македонската делегација ќе има средби и со претставници на НАТО и на Соединетите Држави во Авганистан.