Лансирање на спејс шатлот Дискавери

НАСА се подготвува утрово да го лансира спејс шаталот Дискавери. Со леталото треба да бидат испорачани резервни делови и инструменти за истражување до Меѓународната вселенска станица. Ова е еден од преостанатите четири летови, бидејќи НАСА планира да стави крај на програмата оваа есен. Вселенската станица вчера доби тројца нови жители една Американка и двајца Руси.