Утре ќе се лансира спејс шатлот „Дискваери“

Американскиот спејс шатл „Дискавери“ ќе се лансира од космодромот Кејп Канаверал во Флорида во понеделник, на пат кон Меѓународната вселенска станица. Ова ќе биде последен лет на американско вселенско летало до станицата која ја орбитира Земјата. Американската агенција за вселенски истражувања НАСА планира да ја распушти флотата на спејс шатли до крајот на годинава. Инаку, денеска на Меѓународната вселенска станица пристигна руското вселенско летало „Сојуз“. Тројцата астронаути, двајца руси и една американка, ќе престојуваат на станицата шест месеци.