Карзаи и Мекристал во посета на Кандахар

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и американскиот генерал Стелнли Мекристал денеска заедно допатуваа во посета во Кандахар, во јужниот дел на Авганистан. Предвидено е двајцата да се сретнат со локалните лидери. Како што јавуваат новинските агенции, посетата на американскиот генерал е обид за градење политичка подршка за планирана заедничка офанзива на Нато и САД во регионот, каде се сместени талибанските милитанти.