Бисет: Хрватска да се извини за својата улога во Втората светска војна

Хрватска пред влезот во Европската унија, покрај формалните услови, би морала да исполни уште едно морално барање: во целост и јавно да се извини за својата улога во Втората светска војна, оцени денеска поранешниот канадски амбасадор во Белград Џејмс Бисет. Тој во авторскиот текст во бостонскиот весник „Кришчен сајенс монитор“, констатира дека Хрватска исполнила поголем дел од формалните барања за влез во ЕУ и додава дека нејзиниот прием го поддржуваат Германија, како традиционален сојузник и САД, кои го охрабруваат ширењето на Унијата на југоисток.