Сојуз пристигна на Меѓународната вселенска станица

Вселенското летало „Сојуз“ со трочлен екипаж, еден американец и двајца руси, пристигна на Меѓународната вцеленска станица. Леталото беше лансирано во петокот од космодромот „Баиконур“ во Казакстан. Американката Трејси Калдвел Дајсон и русите Александар Сквортсов и Микхаил Корниенко им се придружија на тројцата астронаути кои веќе престојуваат во станицата. За три дена се очекува американскиот спејс шатл „Дискавери“ да пристигне на Меѓународната вселенска станица.