Христијаните го слават Велигден

Христијаните од целиот свет денеска го прославуваат Велигден. Како што е напишано во Библијата, на овој ден Исус Христос воскреснал од гробот. Рускиот претседател Димитриј Медведев посочи дека има голем симболизам во тоа што сите христијани годинава го слават празникот на ист ден. Американскиот претседател Барак Обама ги повика сите луѓе од сите вери да ги прифатат своите заеднички аспирации и да споделат хуманост. Папата Бенедикт Шеснаесетти одржа велигденска церемонија во Ватикан.