Ограничено учеството на странци во авганистанскиот изборен процес?

Авганистанскиот парламент денеска изгласа подршка за предлогот на претседателот Хамид Карзаи со кој се ограничува улогата на странски државјани во изборниот процес. Со предлогот Карзаи им го одзема правото на Обединетите Нации да го мониторираат изборниот процес во Авганистан. Согласно предлогот на претседателот, надгледувањето на изборниот процес се префрла кај шефот на државата. Инаку, денеска Карзаи и телефонираше на американската државна секретарка Хилари Клинтон, во обид да ги поправи односите по неговите коментари дека меѓународната заедница била вклучена во фалсификувањето на последните избори во Авганистан.