Триесетмина милитанти убиени во Пакистан

Триесетмина талибански милитанти и шестмина припадници на пакистанските воени сили загинаа во вооружен судир во близина на границата со Авганистан. Престрелката настанала во областа Оракзаи во северозападниот дел на Пакистан. Според официјални извори, во изминативе три недели во оваа област биле убиени 250 милитанти.