Јапонија не се откажува од антикризните мерки

Министерот за финансии на Јапонија Наото Кан изјави дека ги информирал кинеските власти оти неговата земја не може да ги укине антикризните мерки кои ги усвои во екот на економската криза. При своето обраќање на прес конференција во Пекинг, Кан рече дека Кина и Јапонија се согласиле да вложат заеднички напори за целосно опоравување од кризата. Јапонскиот министер за финансии, кој е во официјална посета на Кина, додаде дека и двете страни имаат исти погледи на сегашната состојба на светската економија: извесно е дека има опоравување но постојат многу несигурности.