Засилени безбедносни мерки во Русија

Повеќе од 11,000 полицајци ќе го патролираат центарот на Мосва вечерва за време на православните велигденски прослави. Засилените безбедносни мерки се применуваат по терористичките напади во московското метро во кои загинаа четириесет лица. Построги безбедносни мерки се превземаат и во другите градови во земјата. Како што соопшти министерството за внатрешни работи, повеќе од 100,000 полицајци и 3,500 војници се распределени низ цела Русија.