Кина: нуркачи во потрага по заглавени рудари

Група спасувачи влегле во поплавениот рудник во Кина каде што веќе шест дена се заглавени 153 рудари. Медиумите јавуваат дека во екипата имало и шестмина нуркачи. Најмалку 3 илјади спасувачи се во трка со времето во испумпувањето на водата од големиот рудник за јаглен на северот на Кина.