Караџиќ ќе присуствува на продолжувањето на судењето

Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ ќе присуствува на продолжувањето на судењето што е закажано за 13 овој месец пред Хашкиот трибунал и покрај тоа што е отфрлено неговото барање за одлагање на процесот. Ова денеска го изјави неговиот адвокат Питер Робинсон. Караџиќ е обвинет за воени злосторства и за геноцид за време на војната во Босна и Херцеговина.