Ватикан се дистанцира од исповедникот на Папата

Ватикан официјално се дистанцира од забелешките на исповедникот на папата Бенедикт Шеснаесети кој во молитва го изедначил насилството врз евреите со нападите врз Католичката црква по повод сексуалното злоставување деца во католичките институции. Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди изјави дека таквата аналогија може да доведе до недоразбирање. Ваквите коментари на Раниеро Канталамеса искажани на службата на Велики Петок во базиликатата Свети Петар во Рим и во присуство на Папата предизвикаа осуда кај еврејската заедница и кај жртвите од сексуалното злоставување.