Ирак: вооружени лица убиле 25 луѓе

Вооружени лица облечени во воени униформи денеска застрелале 20 мажи и пет жени во едно село јужно од Багдад, јавија новинските агенции, цитирајќи неименуван службеник на Министерството за внатрешни работи. Се прецизира дека вооружените лица нападнале три куќи во село Суфиа, а жртвите биле заврзани во лисици и застрелани во глава. Станува збор за семејства кои се бореле против Ал Каеда.