Санадер морал да знае за малверзациите на министрите, оцени Косор

Премиерката на Хрватска, Јадранка Косор оцени денеска дека е тешко веројатно оти министрите во владата на бившиот премиер Иво Санадер можеле да работат на своја рака. Санадер го демантира пишувањето на некои весници дека веројатно знаел за малверзациите на бившиот вице-премиер Дамир Полачец во врска со приватизацијата на Подравка.