Браун и Меркел за нови санкции против Иран

Британскиот премиер Гордон Браун и германскиот канцелар Ангела Меркел на денешната средба во близина на Лондон разговараа, меѓу другото, и за спорната нуклеарна програма на Иран. По средбата, кабинетот на Браун соопшти дека двете земји силно поддржуваат санкции против Техеран, како и договор на меѓународните партнери при натамошното нивно ангажирање за ова прашање.