Белград со декларација и за српските жртви

Претседателката на Собранието на Србија Славица Дејановиќ денеска изјави дека со декларацијата која е во подготовка треба да бидат осудени злосторствата извршени против Србите за време на балканските војни во деведесетите години од минатиот век. До ова дојде ден откако српските пратеници со тесно мнозинство ја одобрија резолуцијата со која се осудува масакрот врз бошњаците во Сребреница.