Кинескиот претседател на самит во САД

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека претседателот Ху Џинтао ќе присуствува на самитот за нуклеарна безбедност што на 12 и 13 април ќе се одржи во Вашингтон. На овој потег, според новинските агенции, може да се гледа како на сигнал за крај на затегнатите односи меѓу двете земји. Ху по Вашингтон ќе престојува во официјални посети на Бразил, Венецуела и Чиле.