Турција: ослободени 9 офицери обвинети за воен удар

Турскиот суд вчера ослободи девет високи офицери, вклучувајќи и тројца адмирали, кои се обвинети за подготвување воен удар, објавија турските медиуми. Шест активни офицери се уапсени во група од речиси 70 активни и пензионирани офицери во минатиот месец, поради сомневање дека подготвувале пуч, што доведе до зголемување на тензиите меѓу происламската Влада на премиерот Реџеп Таип Ердоган и секуларниот турски естаблишмент. Уште 25 офицери се наоѓаат во затвор поради поврзаност со планот за воен удар. Турската војска демантира постоење на заговор, објаснувајќи дека станува збор за дел од сценарио за воени вежби.