Стајнберг: САД за стабилен и просперитетен Балкан

Актуелната американска администрација ја продолжи долгогодишната политика за изградба на стабилен и просперитетен Балкан, помагајќи им на сите земји во регионот да ги остварат евроатланските аспирации, изјави американскиот државен потсекретар Џејмс Стајнберг, кој во идната недела ќе ги посети Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Стајнберг најави дека за време на неговата турнеја ќе пренесе порака до регионот дека Соединетите Држави и натаму будно ги следат реформите на секоја земја одделно. Според него, укинувањето на визниот режим на Европската Унија за Македонија, Србија и Црна Гора претставува позитивен чекор во охрабрувањето на трите земји да продолжат со спроведување на реформите, се до целосното интегрирање во европското семејство.