Двајца загинати во автомобил бомба во Дагестан

Две лица загинале во текот на ноќта во руската република Дагестан во Северен Кавказ кога нивниот автомобил експлодирал, јавуваат руските медиуми. Се верува дека автомобилот бил полн со експлозив кој случајно бил активиран. Вчера во Дагестан 12 луѓе беа убиени во два бомбашки самоубиствени напади. Тие следеа по понеделничките напади во московското метро кога загинаа 39 лица. Во видеото објавено на една исламистичка веб страница, одговорноста за нападите во Москва ја презеде чеченскиот бунтовнички лидер Доку Умаров. Тој вели дека тоа било одговор на злосторства извршени од руските сили за безбедност против чеченските цивили и вети продолжување на нападите.