Суданската опозиција решава дали ќе ги бојкотира изборите

Суданските опозициски партии предупредија дека ќе ги бојкотираат првите повеќепартиски избори во последните 25 години во таа земја, наведувајќи дека се невозможни правични избори. Конечната одлука за бојкотот на изборите кои се закажани за 11 април ќе биде донесена денеска. Како главна пречка за правични избори опозицијата ги наведува владината контрола на медиумите и органите за следење на изборите, како и фактот дека изборните закони се лоши.