Победа на Интер, реми во Лондон

Во синоќешните натпревари од Лигата на шампионите фудбалерите на Интер ја совладаа ЦСКА од Москва со 1:0. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев играше до една минута пред крајот. Во другиот натпревар Арсенал и Барселона играа нерешено 2:2, по водството на Каталонците со 2:0.