Во Њујорк започна Донаторската Конференција за Хаити

Генералниот секратар на ОН Бан Ки Мун денеска отворајки ја донаторската конференција за надминување на последиците од земјотресот на Хаити ги повика учесниците да партиципираат во изгрдабата за подобра иднина на карибската држава. На Конференцијата во Њујорк има преставници од над 100 земји и меѓународни организации. Целта е да се соберат 3,8 милијарди долари. Тоа е прва помош од предвидените 11,5 милијарди кои се потребни за обнова на Хаити во следните 10 години. Во земјотресот настрадаа над 220 илјади луѓе, а 1,3 милиони останаа без покрив над главата.