Македонците во Албанија ќе добијат уште еден месечен весник

Македонците во Тирана наскоро ќе добијат месечен весник на македонски јазик, под името „Илинден“. Месечникот ќе се печати на 28 страници, А-4 формат, во тираж од 1.000 примероци, а издавач е Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.
Според претседателот на „Илинден“, Никола Ѓурѓај весникот ќе изобилува со информативни содржини од животот, работата и положбата на Македонците во главниот град на Република Албанија, како и во областите Голо Брдо и Гора.
Покрај месечникот „Преспа“ на македонски јазик кој излегува во областа Мала Преспа, ова ќе биде втор печатен медиум на македонски јазик за Македонците во Тирана, Голо Брдо и Гора.