САД Штајнберг - работете врз босанската интеграција во ЕУ и НАТО

Заменикот американски државен секретар Џејмс Штајнберг, кој следната недела ќе ја посети Југоисточна Европа, апелираше до Владата и лидерите на Босна и Херцеговина заедно да работат врз интеграцијата на земјата во Европа и во евроатлантските институции. Штајнберг, покрај БиХ, ќе ги посети и Словенија, Србија и Косово.