Српскиот парламент ја усвои Декларацијата за Сребреница

Српскиот парламент ја усвои Декларацијата со која се осудува „злосторството над бошњачкото население од Сребреница во јули 1995 година, на начин утврден со пресудата на Меѓународниот суд на правдата“. По 12- часовна расправа, половина час по полноќ, за Декларацијата гласаа 127 пратеници на владејачката коалиција, 21 беа против, а членовите на Српската радикална странка ја напуштија салата пред гласањето.