Комитет на белгискиот парламент ќе се изјасни за носењето бурка

Комитетот за внатрешни прашања на белгискиот парламент денеска треба да се изјасни за предлог- законот со кој се забранува носење на бурка во јавноста, вклучувајќи ги и улиците. Според законот предложен од либералите, лицето што ќе носи бурка ќе биде казнето парично или со затвор во траење од седум дена. Доколку комитетот го одобри текстот, тој потоа ќе биде разгледан на пленарна седница на парламентот во втората половина на април.