Претседателот на Ингушетија предупредува на можноста за нови бомбашки напади

Претседателот на севернокавкаската Република Ингушетија, Јонус Бек Јевкуров денеска предупреди на можност од нови терористички напади во Русија.Федералната служба за безбедност на Ингушетија неодамна соопшти дека го убила Саид Бурјатски, организаторот на минатогодишниот бомбашки напад врз експерес возот. Руските медиуми денеска пренесуваат дека се претпоставува оти жените што го извршиле нападот во двете метро станици во Москва се дел од 30-те жени што Бурјатски ги обучувал да извршат самубиствени бомбашки напади.