ЕУ е загрижена за демократијата во Белорусија

Европската Унија изрази „сериозна загриженост“ за операцијата во Белорусија врз демократски групи пред локалните избори на 25 април. Министерот за надворешни работи на Европска Унија, Кетрин Ештон денеска изјави дека подготвеност на Унијата за продлабочување на односите со Белорусија ќе зависи од „конкретните чекори кои ќе ги преземе Белорусија за подобрување на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права“. Ештон предупреди дека Европскта Унија ќе го следи одблизу спроведувањето на локалните избори. Белорусија е член на програмата “ Источното партнерство“ на Европската Унија, со која им се овозможува на земјите од поранешниот Советски Сојуз да добијат трговски олеснувања во замена за економски и политички реформи.