Уапсен бившиот хрватски вице-премиер Полочанец

Поранешниот хрватски вицепремиер и министер за правда Дамир Полочанец изутрината е уапсен во неговата куќа во Копривница и е доведен на сослушување во Загреб. Полочанец е осомничен за вмешаност во аферата „Спајс“, односно планот на менаџерот на компанијата „Подравка“, со кој преку трговијата со акции и заеми е направен обид за преземање на компанијата.
Полочанец поднесе оставка кога полицијата уапси дел од раководството на „Подравка“