НАТО во јуни во офанзива во Кандахар

Американски воени претставници изјавија дека НАТО силите во Авганистан, во јуни ќе започнат офанзива против талибанците во Кандахар. Целта е тој регион да биде исчистен од талибанските бунтовници пред муслиманскиот празник Рамазан во август. НАТО и американските сили ваква офанзива веќе спроведоа во провинцијата Хелманд.